Музички времеплов: Три песни на Бритни Спирс со најмногу прегледи на Јутјуб
Се појавија вести дека по шест години, познатата пејачка Бритни Спирс се враќа на музичката сцена. Станува збор за песна која ја има испено во дует со Елтон Џон, а која е насловена „Tiny Dancer“.
Овој дует ќе биде почеток на нешто ново, а додека да излезе овој „хит“, како што многумина уште сега го нарекуваат, ве потсетуваме на трите песни на музичката ѕвезда со најмногу прегледи на Јутјуб.
# „Scream & Shout“ - 949 милиони прегледи
# „Baby One More Time“ - 736 милиони прегледи
# „Toxic“ - 569 милиони прегледи
фото: Принтксрин / Инстаграм