Музички времеплов: Ве потсетуваме на заедничкиот настап на Карлеуша и Павловиќ кој го следеа скоро 200.000 луѓе во живо

Музички времеплов: Ве потсетуваме на заедничкиот настап на Карлеуша и Павловиќ кој го следеа скоро 200.000 луѓе во живо

Објавена во: Stars // Музика

Пејачките денес уживаат во заедничкиот одмор во Дубаи...

Дека на естрадата има пријателства, добар доказ се и Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ кои во неколку наврати покажаа дека се во навистина добри односи. Но, она што особено се издвојува кога е нивното пријателство во прашање е гостувањето на Милица на концертот кој за време на короната го направи Јелена. 

Имено, пред две години, во соработка со платформата „YOUBOX“, Јелена Карлуша приреди концерт за паметење, кој нешто повеќе од 200.000 луѓе го следеа во живо од своите домови, додека беа во карантин. 

Целиот концерт и ден денес се прераскажува, а особено заедничкиот настап на Карлеуша и Павловиќ, кои за оваа прилика ги отпеаја песните „Sexy señorita“ и „Лудача“.

Како звучеа, но и како изгледаа, погледнете во продолжение:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: