Музички времеплов: Видео од почетоците на Северина - како пеела и изгледала на 17 години?
Познатата пејачка Северина Којиќ, постојано е во центарот на вниманието поради односот сопругот Игор Којиќ и бројните шпекулации кои се шират во јавноста на сметка на нивната врска.
Зад себе има многу одржани концерти и петнаесеттина албуми, но на почетокот на кариерата таа, како и секоја млада пејачка, се борела за своето место на естрадното небо.
Сигурни сме дека многумина од постарата генерација, а да не зборуваме за помладата не се сеќаваат како изгледала Северина на настапот во еден хотел во Сплит. Тогаш 17 - годишната Северина била пејачка во подем, а промената може да се забележи и во нејзиниот стил.
Уште тогаш симпатичната пејачка со црна густа коса и впечатливи веѓи давала до знаење дека музиката и танцот се нејзина единствена љубов и насока во која сака да започне.