Музички времеплов: За оваа песна Ед Ширан го обвинија за плагијат - Многу двојки го играат првиот танц на „Thinking Out Loud“

Музички времеплов: За оваа песна Ед Ширан го обвинија за плагијат - Многу двојки го играат првиот танц на „Thinking Out Loud“

Објавена во: Stars // Музика

Британскиот пејач Ед Ширан, кој со своите балади ги освои луѓето ширум светот, со снимање музика започнал уште во 2005 година. Со мали настапи започнал во 2008 година, а после тоа сѐ е историја.

Иако зад себе имал многу успеси и пред 2014 година, сепак таа година може да се смета за негов најголем успех. Имено, тааа го година го објави хитот „Thinking Out Loud“, кој уште истата година стана омилена песна на сите двојки кои првиот танц го играа токму на неа.

Токму за оваа песна, беше обвинет за плагијат, но американскиот суд, пресуди во корист на пејачот и посочи дека Ед не направил плагијат на песната „Let’s Get It On“ на Марвин Геј.

Моментално, официјалното видео на Јутјуб за оваа песна има повеќе од 3,5 билиони прегледи, а според бројот на прегледи, оваа песна се најде на второто место, веднаш по „Shape of You“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: