На 17 години помагал во гаснење на огромен пожар: Денес ја работи најблагодарната работа!

На 17 години помагал во гаснење на огромен пожар: Денес ја работи најблагодарната работа!

Објавена во: Совети // Семејство

19 - годишниот Макс Николиќ пред две години замалку фалело да настрада во голем пожар покрај Сплит, вдишал многу чад и завршил во болница, а денес е пожарникар.

Кога во вистинска огнена стихија пред две лета, во 2017 година пожар и се заканил на куќата на неговото семејство, тогаш 17 - годишниот Макс хабро учествувал во борбата со огнот.

Со крпа преку лицето им помагал на пожарникарите, учествуваат во евакуацијата и на крајот завршил во болница.

„Ми се слоши, не можев да дишам, ми се исуши грлото. Во болница ми дадоа инфузија, ме задржаа неколку часа, а следното утре веднаш отидов да помогнам“ - раскажува Макс за 24sata.hr, кој денес работи како пожарникар.

„Па да, тоа ме привлекуваше уште од училишните денови, кога учествував во противпожарни натпревари. Постојано сакав да се занимавам со тоа, но моите пријатели отидоа по други патишта, а и јас не влегов во тоа. Но, по големиот пожар повеќе немав дилеми, само за тоа размислував. И така го положив основниот курс и сега работам во областа Жрновница“ - вели Макс кој нема да застане на основниот курс.

„Сега имам желба да бидам професионален пожарникар, во септември ќе пробам да се запишам во училиштето за професионални пожарникари во Сплит. И тоа што треба ќе биде, но секако планирам да останам во оваа професија“ - вели Макс.

Гасењето пожар, носењето униформа го привлекувале уште од дете, а во оваа работа се заљубил уште повеќе откако ги запознал своите колеги.

„Никогаш не е монотоно, добра е екипата, сите сме добри пријатели тука. Родителите секако малку се бунеа, но не многу“ - заклучи Макс.

Тој е голем љубител на мотори и коњи. Тоа е она што го опушта во слободно време.


Извор: 24sata.hr

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: