На 18 април очекувајте го најголемиот ТВ спектакл: Лејди Гага и Били Ајлиш во првите редови

На 18 април очекувајте го најголемиот ТВ спектакл: Лејди Гага и Били Ајлиш во првите редови

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Лејди Гага со организацијата Global Citizen, собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјална ТВ емисија во која, помеѓу останатите ќе учествуваат и Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага истакна дека парите биле собрани за седум дена и дека истите ќе бидат упатени до Светската здравствена организација,

По овој повод ќе биде организиран „One World: Together At Home“, виртуелен телевизиски настан преку кој ќе им се оддаде признание на здравствените работници.

Емисијата ќе се емитува на 18 април во 20 часот според временската зона на источниот брег на Соединетите Американски Држави, а истовремето ќе се емитува на неколку телевизии (ABC, NBC, CBS, iHeartMedia и Bell Media)

Домаќини на овој ТВ специјал ќе бидат американските ТВ водители Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел.

„Треба да раскажеме приказни и да ја прославиме заедницата која е во првите редови - здравствените работници.“ - истакна Лејди Гага.

Повеќечасовниот ТВ спектакл ќе се пренесува и на Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм, Твитер и други платформи, а ќе настапат и Елтон Џон, Дејвид Бекам, Џон Леџенд, Еди Ведер, Кери Вашингтон, Крис Мартин од Колдплеј, Лизо, Џеј Балвин, Андреа Бочели и Малума.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: