На 6 години научила да пишува и чита: Катарина денес од зборовите прави чудо
Јелена, мајката на Катарина вели дека талентот на нејзината ќерка е откриен сосема случајно
Доколку некој ви посака „рабод нед“ тешко дека ќе разберете што ви кажал. Но, доколку ви се обрати со „добар ден“, јасно е дека ви упатил поздрав.
Овој необичен талент за зборување наназад го има малата Катарина Мишиќ. Што и да ја прашате таа може без проблем да ви го одговори така. Ова телентирано девојче е второ одделение, а во интервју за порталот I love Zrenjanin ја раскажа својата приказна поврзана со овој нејзин талент.
„Мојот талент е да зборувам наназад и го открив кога има 6 години. Не знам точно како го открив тоа. Не вежбав за да го прават тоа. Првиот збор кој го изговорив наназад беше Катарина. Ништо не ми е тешко да изговорам наназад. Се што ќе ми каже некој, можам да го кажам наназад. На другарите и наставничките им е чудно како го можам тоа. Знам и да пеам наназад. Обично така ги пејам песните од фолклор. Мене тоа ми е нормално. Ништо не ми е комплицирано. Само понекогаш морам да се замислам како некој збор се кажува наназад. Кога е нешто потепко. На пример оториноларинголог“ - објаснува Катарина.
Мајката на ова талентирано девојче, Јелена вели дека овој талент е сосема случајно откриен.
„Пред неколку една ипол година почна да зборува наназад. Тоа беше некако истовремено кога почна и да чита. А и тоа сама го научи. И да чита и да пишува. Никој не ја тераше на тоа, ниту имавме намера да ја форсираме да чита и пишува. Прво започна да ги чита рекламите наназад, додека се возевме со автомобил, а потоа и да зборува. Сето тоа започна спонтано. Сега течно зборува наназад. Тоа е сега навистина забавно“ - објасни мајката.
Семејството на талентираната Катарина со цел да дознае нешто повеќе за тоа како се развива ваквиот талент пробало да дознае од експертите. Некои им велеле дека добро ќе и одат странските јазици, а други пак дека на Катарина лесно ќе и одат ретките јазици. Но, таа сега за сега го сака српскиот јазин и еден ден сака да биде професор по српски јазик.
Во продолжение погледнете го видеото од разговорот со Катарина и нејзината мајка.