На чекор кон помирување: Дали принцот Вилијам и принцот Хари успеаја да ги пребродат несогласувањата?

На чекор кон помирување: Дали принцот Вилијам и принцот Хари успеаја да ги пребродат несогласувањата?

Објавена во: Живот // Живот

Принцезата Дајана почина во далечната 1997 година. Еден од нејзините синови, Хари, тогаш имал само 12 години...

Сообраќајната несреќа што се случи поради бегство од агресивните папараци, беше кобна за принцезата Дијана, и остави длабоки трауми врз нејзините синови. Како момчиња, под товарот на тагата, принцот Хари и принцот Вилијам сонуваа на некој начин да ѝ оддадат почит на Дајана и се чини дека наскоро ќе добијат можност за такво нешто.

Дајана на 1 јули доколку беше жива ќе наполнеше 60 години, а според странските медиуми, по тој повод во градината на палатата Кенсингтон ќе биде поставена статуа на принцезата. Споменикот треба да го обелоденат Хари и Вилијам, а јавноста шпекулира дека состанок под такви околности може да донесе помирување помеѓу скараните браќа.

Браќата во 2017 година објавија дека ќе биде изработена статуата на Дијана, а скулпторот Ијан Ранк-Бродли сега конечно може да го заврши проектот, откако двајцата браќа се согласија околу дизајнот на споменикот.

Статуата ќе биде излеана во бронза, а ќе биде поставена во истата градина каде Хари и Меган ја објавија свршувачка. Не е познато дали браќата го потпишаа последниот дизајн пред или по интервјуто на Меган Маркл и Хари со Опра Винфри, но странските медиуми веруваат дека тоа може да биде првиот знак дека двајцата би можеле да се смират.

Исто така, Хари, наводно, се обврзал да присуствува на откривањето на споменикот, без оглед на тоа што била раскината врската меѓу него и неговото семејство.

„Принцовите сонуваа за ова уште од детството. Тие беа деца кога почина нивната мајка, а сега тие се возрасни мажи и сакаат да ѝ оддадат почит онака како што заслужува“ - изјави извор близок на скулпторот.

На подкастот „The Mad World“ на Телеграф, Хари отворено зборуваше за тоа како неговиот живот бил во целосен хаос откако ја изгубил мајка си на 12 - годишна возраст во трагичната сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година. За полесно да се справи со нејзината смрт, принцот, станал емоционално далечен и почнал да ја „турка главата во песок“, одбивајќи да помислува дури и на неговата покојна мајка.

„Што би ми помогнало тоа? Само ќе ме растажеше ... па си реков: Добро, никогаш не дозволувај твоите емоции да бидат дел од што било“ - рече Хари по тој повод.

Ситуацијата само се влошувала како што стареел, а на крајот неговиот брат, принцот Вилијам, го охрабрил да побара стручна помош.

„Мојот брат, да биде благословен, ми беше голема поддршка“ - рече тогаш Хари.

Имајќи го предвид последното, не е изненадувачки што постојат шпекулации за можното средување на односите помеѓу принцовите. Можно е сеќавањето на мајката, љубовта кон неа, како и тагата што заедно ја доживеале да ги обедини.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: