На ѕвездата од „The Kissing Booth“ ѝ избришаа објава од Инстаграм: Сѐ поради едно спорно видео
Во филмот „The Kissing Booth“ Џејкоб Елорди не беше единствениот омилен помеѓу девојките, туку во второто продолжение на овој филм се појави уште еден актер кој предизвика големо внимание. Тој сега повторно крена прашина со една нова објава на Инстаграм, поради која дури доби и предупредување и отстранување на објавата.
Тејлор Захар Перез е актер кој е познат по својата улога во второто и третото продолжение на филмот „The Kissing Booth“. Додека го глумеше Марко, еден од главните ликови кој исто така ја шармираше Џои, ги освои срцата на многу девојки кои го гледаа „The Kissing Booth“, така што во тој случај Џејкоб Елорди можеби падна во втор план.
Но, Тејлор сега повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со само една објава, преку која ги најави новите епизоди од новата серија во која глуми.
Станува збор за серијата „Minx“ која се емитува на ХБО Макс. Во таа најава, како што пишува „Just Jared“, можеме да видиме дека Тејлор е потполно гол и единствено нешто што прекрива одредени делови од неговото тело е еден стикер, односно графика вметната во самото видео. Во описот на видеото тој напиша: „Сега која го имам твоето внимание, две нови епизоди вечерва“. Со тоа всушност само сакаше да ја најави новата епизода од серијата, но на провокативен начин, преку кој успеа да го привлече вниманието на многумина.
Но, поради помалку експлицитната содржина, Инстаграм му ја отстрани објавата, бидејќи, како што наведуваат, станува збор за содржина која се противи на упаствата на заедницата за сексуално вознемирување на возрасни. Тој го објави тоа известување на стори на својот Инстаграм профил и напиша дека сепак новите епизоди и најави ќе може да ги гледаме на ХБО Макс.
фото: Принтскрин / imdb