На какви девојки момците „паѓаат“: Совршени топ модели или девојки со просечен изглед?

На какви девојки момците „паѓаат“: Совршени топ модели или девојки со просечен изглед?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

А мислевме дека сите паѓаат на совршените убавици и топ модели...

Доколку мислевте дека момците исклучиво сакаат средени и гламурозни девојки кои како да се од насловна страна на модни магазини, се лажете. Неодамнешното истражување на универзитетот Northwestern го докажа тоа.

Имено, неодамна е направен социјален експеримент во кој истражувачите испрашале 163 студенти за нивните критериуми кога се во прашање жените. Тие прво требало да одговорат што попрво би избрале кај жените: физичката привлечност, карактерот или потенцијалот за заработка во иднина. Не е зачудувачки фактот што големиот број од нив ја избрале физичката привлечност, но истражување не завршило само на тоа.

Следниот чекор на истражувањето се состоел за тоа дали момците би заминале на состанок со тие „совршени“ девојки и многу се разочарале кога сфатиле дека не е се во изгледот. Овој експеримент покажал дека момците за сериозни односи бараат личност во чие друштво ќе се чувствуваат удобно, со која ќе може да се смеат и од која ќе добијат поддршка во иднина. Она што можеби е најважно е дека момците бараат некој на кој може да му веруваат, а во врска со атрактивните убавици кај мажите често се јавува чувство на несигурност и страв дека ќе ги изгубат.

Истражувачите исто така откриле дека момците во разговор со вистински девојки, обично „паѓале“ на оние девојки чиј карактер најмногу им се допаднал, а не на оние девојки кои биле физички најпривлечни, што докажало дека попрво би биле со обични, просечни жени кои се интересни и забавни, отколку со супермодели. Еден од истражувачите, вели дека резулатите од експериментот го изненадиле и самиот себе: „Доколку ми кажете дека ја преферирате физичка привлечност кај партнерот, би очекувал дека навистина да обрете физички попривлечен партнер. Но, нашите испитаници не функционираа не по овој принцип, по што се поставува прашањето знаат ли мажите навистина што сакаат и на што даваат важност при барањето на партнерка.“ Изгледа дека е вистина она на што бајките не најучија - најважно е она што е внатре во човекот.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: