„На Клои и се заканував со смрт“ - Ламар шокираше со признанието!
Светот се шокираше од мемоарите на Ламар Одом, поранешниот партнер на Клои Кардашијан. Во мемоарите „Darkness to Light“ кошаркарот открива шокантна вистина за својот живот, а она што е најшокантно можеби е признаниот дека во една прилика ја нападнал својата поранешна жена Клои во налет на бес, дрогиран и и’ се заканил со зборовите: „Ќе те убијам! Не знаеш на што сум подготвен“.
И самиот призна дека тој инцидент бил „најжалниот момент“ во неговиот живот досега. Ламар рече дека во тоа време постојано конзумирал дрога, Клои многу го вознемирувала поради необјасниви причини, особено кога шетала во неговата соба. „Прилично сум сигурен дека во тој момент била смртно уплашена... Размислувам сега за тоа и не можам да верувам како го трпела сето тоа“ – признава кошаркарот.
Ламар вели дека не и се извинил на Клои поради инцидентот и е свесен дека и должи извинување, јавува Cosmopolitan.