На „MAC“ се појави во бел костим: Аксесоарите на Антониа во центарот на вниманието

На „MAC“ се појави во бел костим: Аксесоарите на Антониа во центарот на вниманието

Објавена во: Moj стил, Музика

Во понеделникот по вторпат се одржува најголемиот балкански музички настан Music Awards Ceremony (MAC). На сцената на MAC ќе застанаа многу звучни и помалку звучни имиња од Македонија, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска и Црна Гора. Но, исто толку се појавија и како посетители на овој настан.

Помеѓу нив, како што и претходно ве информиравме беше и младата пејачка Антониа Гиговска, a на црвениот килим ја придружуваше нејзиното момче, пејачот Иван Јованов.

Двајцата беа скоцкани од глава до петици, во елегантни костими. Иван во црна варијатна, а Антониа се одлучи за спротивната опција - белата боја. 

За изгледот на пејачката, како и обично се погрижи нејзината стилистка Викторија Бурсак, додека мејкапот го презеде струмичкиот мејкап артист Драган Гоцев. 

Но, вниманието Антониа овојпат го украде со нејзините аксесоари. Ланчето со кристали совршено го надополни нејзиниот изглед. На прстите нареди мали прстенчиња, исто така со кристали, кои убедливо ја разиграа белата комбинација на пејачката.


Објавена во: Moj стил, Музика

Можеби ќе ве интересира: