Подготвени за MAC наградите: Антониа со Иван, Лина соло
Вечерва по вторпат се одржува најголемиот балкански музички настан Music Awards Ceremony. На сцената на MAC ќе застанат многу звучни и помалку звучни имиња од Македонија, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска и Црна Гора.
Дел од посетителите, но и номинираните за награда се и нашите млади поп пејачки Лина Пејовска и Антониа Гиговска. И двете споделија по едно стори на Инстаграм, а од истите забележавме дека Антониа на црвениот килим нема да биде сама, туку ќе биде придружена од нејзиното момче, пејачот Иван Јованов.
Лина, пак наместо придружбата, ни го откри нејзиниот изглед. Блеска, зарем не?