На Нетфликс пристигна серијата „Берлин“, продолжението на „La casa de papel“ - еве ги реакциите на фановите

На Нетфликс пристигна серијата „Берлин“, продолжението на „La casa de papel“ - еве ги реакциите на фановите

Објавена во: Stars // Филм

Серија која го привлече вниманието на многумина.

„La casa de papel“ е шпанска серија која беше огромен хит и затоа не е чудно што сега сите фанови на серијата побрзаа да ја гледаат оваа нова серија чие дејство се фокусира на еден од ликовите од оригиналот.

Серијата е една од најдобрите серии на Нетфликс до сега. Кој и да почнал да ја гледа, сигурно не зажалил. Иако од оваа серија помина извесно време, сега за фановите пристигна вистинско уживање за кое се зборува веќе некое време - серијата „Берлин“. Како што веројатно веќе сте заклучиле, серијата се фокусира на истоимениот лик од оваа серија и го става него и неговиот живот во фокусот.


Серијата се фокусира на неговиот живот пред грабежите во првата и втората сезона. Дури и ако Берлин не ви е омилен лик од серијата затоа што не беше баш добар и можеби на моменти ви одеше на нерви, мора да признаете дека има одлична личност и е посебен. Тој дефинитивно заслужува серија за себе - и дали таа серија е добра?

Според реакциите на луѓето, изгледа дека серијата е хит и вреди да се погледне! Многумина ја фалат насекаде. Доколку ви се допадна „La casa de papel“, а ви се допаѓа ликот Берлин, тогаш оваа серија мора да ја погледнете.


Од друга страна, не очекувајте многу. „Money Heist“ и „Berlin“ не се иста серија и тука фокусот не е толку на грабежот. За некои серијата е полна со клишеа и предвидлива, а не се среќни што заплетот е толку поразличен од оригиналот. Имајте на ум дека ова не е нова сезона од оригиналната серија, туку тотално нов проект. Ако го гледате како нешто ново, можеби ќе ви се допадне, но ако очекувате дека ќе биде како нова сезона на „Money Heist“, тогаш подобро прескокнете го бидејќи нема да ги оправда вашите очекувања.

Извор: teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: