На пејачката не ѝ е сеедно: Поранешното момче на Теодора Џехверовиќ во врска со поранешна водителка

На пејачката не ѝ е сеедно: Поранешното момче на Теодора Џехверовиќ во врска со поранешна водителка

Објавена во: Stars // Музика

Кошаркарот Нино Челебиќ сподели фотографија со нова девојка

Пејачката Теодора Џехверовиќ и кошаркарот Нино Челебиќ имаa долга и хармонична врска, која трае[e и откако тој се пресели на друг континент.

Сепак, на љубовта ѝ дојде крајот, а за нивниот љубовен живот по раскинувањето не се знае многу. И додека пејачката сè уште ја крие приватноста, Нино сподели дека повторно е во врска.Тој на Инстаграм објави фотографија на која се гушка и со љубов ја гледа девојката, а тоа е Исидора Мијановиќ, која претходно беше телевизиска водителка на Инста ТВ.


Според тамошните медиуми, таа моментално се занимава со продукциска работа, а на нејзиниот профил на Инстаграм стои и дека е режисер на музички спотови.


Извори блиски до Теодора Џехверовиќ по раскинувањето тврдеа дека на пејачката не ѝ било лесно.

- Теодора е силна однадвор, но пати за Нино. Нејзе ѝ недостига, но не му пишува ниту му се јавува за да мисли дека продолжила понатаму. Сè што прави, прави за да му докаже дека никогаш нема да најде некоја подобра од неа и да го потсети што изгубил. Сите содржини на социјалните мрежи се дизајнирани на сличен начин – изјавил изворот за „Ало“.


Но, таа не покажува ништо дека тоа е вистина, а неодамна се појавија шпекулации за нејзината наводна врска со кошаркарот на „Црвена звезда“ Лук Вилдоз, кои таа ги демантираше.

- Ги сакам спортистите, но секогаш повеќе би избрала кошаркар отколку фудбалер! Немам дечко, а и кога имам, тоа го кријам од јавноста. По Нино, веќе не зборувам за момчиња - изјави таа за „Телеграф“ откако беше видена на мечот на Вилдоз.

- Не сум со Вилдоз! Лука прво ме заследи на Инстаграм, а потоа и јас него. Ни се допаднаа фотографиите еден на друг и тука заврши приказната. Штом коментирам фотка на некој познат, сите мислат дека сме во врска! Во тоа веруваат, но не веруваат кога ќе им кажам дека Нејмар ми напиша на Инстаграм – истакна пејачката.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: