На петицијата има повеќе од 25.000 потписи: Сѐ повеќе луѓе сакаат да го укинат најпопуларниот балкански јутјубер
Петицијата масовно се споделува на социјалните мрежи...
Неодамна одекна веста за смртта на 21-годишната јутјуберка Кика, која беше една од омилените на Балканот, особено за гејмерите, со оглед на тоа што таа беше една од ретките девојки кои се впушти во светот на гејмањето. Набрзо потоа, многумина почнаа да обвинуваат еден познат балкански јутјубер како главен осомничен за нејзината смрт.
Богдан Илиќ е еден од најпопуларните јутјубери на Балканот, а попознат е под името Бака Прасе. Веќе неколку години е познат на балканската Јутјуб сцена, а моментално е позната и драмата која се случуваше пред околу две години, во која имаше јавен конфликт со сега починатата јутјуберка, Кика. Многумина поради тоа јавна кавга го осудуваат и велат дека тој е виновен за нејзината смрт, а во склоп на тоа е започната и петиција со која сакаат да се забрани неговото емитување на Јутјуб, поради навреди и булинг над другите јутјуберите и другите луѓе.
Петицијата стана многу популарна и многу пати е споделена на социјалните мрежи, а за само неколку дена собра дури повеќе од 25.000 потписи. Петицијата ја започна една мајка која им се обрати на сите родители, а која воедно наведува дека содржината на Бака Прасе не е здрава за децата, бидејќи поттикнува омраза. Недолго по објавената смрт на Јутјуберката Кика, Бака сподели видео на својот профил каде кажа дека тие по јавниот конфликт повеќе не биле во лоши односи и дека се разделиле како пријатели.
Со самото тоа се оградува од сите обвинувања дека тој е одговорен за нејзината смрт, но сепак многумина не му веруваат, бидејќи социјални мрежи се преплавени со коментари и видеа преку кои се порачува забрана на Бака Прасе.