На посебен начин го поддржале болниот пријател: Ученици од училиште во Загреб ги разнежнија сите (ФОТО)

На посебен начин го поддржале болниот пријател: Ученици од училиште во Загреб ги разнежнија сите (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Учениците од едно училиште во Загреб на посебен начин го поддржаа болниот пријател. Во знак на поддршка се вклучиле дури 60 ученици.

Ученик од основното училиште „Лотршчак“ боледува од тешка болест. Откако неодамна морал да ја избричи главата, неговите пријатели од училиште во знак на поддршка исто така го направиле тоа. Така, фризерите ишишале 60 момчиња.

„Ученик од нашето училиште води борба со тешка болест. Овие денови му ја избричија главата. Неговите браќа поради поддршка на својот брат исто така го направиле тоа. Потоа, на повик на другите ученици и нивните родители, останатите ученици изразија желба да се ишишаат за браќата да се чувствуваат поудобно на училиште, а со тоа да му дадат поддршка на болниот соученик.

Голема недела е пред нас и секое страдање наскоро ќе добие смисла. Љубовта е креативна и ова е само еден од начините на кои можеме да ја изразиме. 

Им благодариме на нашиот драг фризер Јосип, фризерката Маја и останатите четворица фризери кои денес во училиштето, бидејќи требаше да се ишишаат 60 мали глави“ - порачаа од училиштето.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: