На предизвикот гледал како на фудбалски натпревар: Тинејџер заработил скоро 2.000 долари зошто 6 години не користел социјални мрежи
Неговата мајка била особено горда со оглед на тоа што социјалните мрежи негативно влијаеле на постарата сестра на Сиверт...
18-годишниот Сиверт Клифсес од Минесота минатиот викенд добил 180.000 долари од својата мајка, бидејќи направил нешто што за многу млади луѓе денес е незамисливо: 6 години не користел социјални мрежи.
Апстинацијата ја започнал во 2016 година кога имал 12 години и кога неговата мајка Лорна Голдстрес Клифсес го предизвикала да се воздржи од користењето на социјалните мрежи до својот 18-ти роденден, а дека за возврат ќе му даде 1.800 долари, пренесува „KARE11“.
Била инспирирана од еден натпревар на радио под назив „16 за 16“, во која една мајка на својата ќерка ѝ понудила 1.600 долари доколку ги избегнува социјалните мрежи до својата 16-та година.
Сиверт го прифатил предизвикот, а секако не ги користел социјалните мрежи ни на 12 години во тоа време.
Овој предизвик го сфатил како еден фудбалски натпревар кој треба да го добие, а со самото тоа што немал ни Фејсбук, а ни Инстаграм, успеал максимално да се посвети на училишните обврски.
Една од првите работи кои Сиверт ја направил на својот 18-ти роденден е тоа што си направил Инстаграм за првпат во животот, но бидејќи издржал 6 години без социјалните мрежи, мајката го исполнила ветувањето и му ги дала парите.
„Тоа е еден од најдобрите начини накои можев да ги потрошам парите“ - кажала Лорна.
Била особено горда со оглед на тоа социјалните мрежи негативно влијаеле на постарата сестра на Сиверт.
„Толку беше опседната со одржувањето на својот Snapchat што тоа навистина влијаеше на нејзиното расположение. На 16 години бев принудена да ѝ го запленам телефонот“ - наведе мајката.
Таа кажала дека нејзиниот син одлично го издржал предизвикот, смета дека тоа вредело и дека повторно би го направила истото кога би можела да го врати времето.
фото: Принтскрин / Јутјуб / Фејсбук