На промоцијата на Тејлор Свифт повеќе од 100 луѓе се заразиле со коронавирус

На промоцијата на Тејлор Свифт повеќе од 100 луѓе се заразиле со коронавирус

Објавена во: Stars // Музика

Повеќе од 100 луѓе кои присуствувале на прославата по повод новиот албум на пејачката Тејлор Свифт, „Red“ во Сиднеј, се позитивни на коронавирус, пишува „New York Post“.

На настанот биле собрани 600 луѓе во сиднејскиот театар „Метро“, а дури и оние учесници кои уште не се позитивни биле замолени да се изолираат.

Самата пејачка не присуствувала на забавата, туку тоа било собирање на обожавателите во чест на нејзиниот нов албум.

„Веројатно е дека некои овие случаи се заразени со омикрон варијантата“ - предупредија од „New South Wales Heath“, и додадоа дека казните за непочитувањето на условите за изолација, тестирање и карантин се зголемени од 1.000 до 5.000 долари.

Да потсетиме, Тејлор неодамна ја објави новата верзија на песната „All Too Well“ која постигна огромен успех.

Песната трае 10 минути, а заврши на прво место на Хот 100 листата на Билборд, со што стана најдолгата песна на оваа позиција, победувајќи го синглот на Дон Меклин, „American Pie Part I & II“, од јануари 1972 година, која трае осум минути.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: