На прв поглед е толку смирена и слатка: Принцезата Шарлот има нов прекар на училиште - никој не може да поверува зошто е тоа така?
Изгледа дека принцезата Шарлот не секогаш може да ја исконтролира својата немирна природа...
Принцезата Шарлот, ќерката принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, секојдневно оди на училиште, како и сите останати деца. Исто така, во времето кое го поминува со другарите ја открива својата вистинска природа, а покрај тоа што родителите ја учат дома, таа понекогаш не успева да сокрие каква е всушност.
Како и секое дете и Шарлот понекогаш е немирна, понекогаш бунтовна, понекогаш палава. Токму поради тоа го доби прекарот принцезата воин.
Децата објаснија дека ја нарекуваат така, бидејќи има неверојатно авантуристички дух, кој понекогаш е тешко да се совлада.
„Тој прекар наводно го добила затоа што е очигледно принцеза, но понекогаш се однесува како вистинско дете“ - кажа кралскиот експерт и додаде дека тоа најверојатно е поради нејзината личност.
Кралскиот експерт Кејти Никол кажа дека Шарлот својот најнов прекар го добила во градинката Вилокс и верува дека би можел да ја следи кога ќе биде постара.
„Шарлот многу сака да се качува по дрвја и е голем авантуриста, а прилично е позната и по својата борбена личност“ - кажа експертот.
Принцезата воин не е единствениот прекар кој го има добиено, бидејќи нејзините родители, принцот Вилијам и принцезата Кејт ја нарекуваат на различни начини. Вилијам еднаш ја нарече Mignonete, што на францунски значи мала и нежна.
Кејт ја нарекува по пократката верзи од нејзиното име - Лоти. Веќе кажа дека е „главна“ кога се нејзините браќа во прашање. Кралските обожаватели можеа да ја видат жестоката личност на Шарлот на дело, особено за време на прославата на платинестиот јубилеј на покојната кралицата Елизабета минатото лето.
Принцезата видена како го проверува однесувањето на својот помлад брат Луис, а исто така е забележана и како го потсетува постариот брат Џорџ да стои исправено за време на химната.
фото: Принтскрин / Инстаграм