На Раста повторно му е продолжен притворот: Ова е причината зошто ќе остане зад решетки уште 30 дена

На Раста повторно му е продолжен притворот: Ова е причината зошто ќе остане зад решетки уште 30 дена

Објавена во: Живот // Живот

На Раста му е продолжен притворот...

Судот во Белград им го продолжи притворот на пејачот Стефан Ѓуриќ Раста и Б.Л. за уште 30 дена, кај кои кон почетокот на октомври кога беа уапсени, беа пронајдени скан и кокаин.

Притворот им е продолжен поради постоење на лични околности кои укажуваат дека во краток рок би можеле да го повторат кривичното дело, прецизираше потпаролката на судот, Татјана Тешиќ.

На имаат право на жалба на оваа судска одлука до кривичниот вонсудски совет во рок од три дена.

Против Ѓуриќ и Б.Л. Вишото обвинителство во Белград води истрага поради сомневање дека сториле кривично дело - недозволено производство и пуштање во промет на наркотични средства, за што им се заканува казна затвор од три до дванаесет месеци.

Истрагата е во завршна фаза и се очекува да заврши откако во обвинителството ќе стигне ДНК вештачењето, а потоа следува и одлуката за обвинението. На рочиштето во обвинителството, Ѓуриќ се бранеше дека пронајдениот сканк го користел за своја употреба, но обвинителството не му поверува.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: