На секои две минути од оваа болест умира по едно дете во светот: Лекот се користи за коронавирусот
Маларијата е заразна болест која предизвикува од малиот паразит Плазмодиум и е присутна кај луѓето повеќе од 50 илјади години. Светската здравствена организација потсетува дека на скеои две минути умира по едно дете од маралија во светот.
Но, она што ги интересира многумина е дека една интернационална анкета во која учествувале повеќе од 6 илјади лекари оцениле дека лекот против маларијата Хидроксихлороин е најдобриот лек за моменталниот вирус кој му се заканува на светот - коронавирусот.
Во анкетата учествувале 6.227 лекари од 30 земји, а 37% од нив рекле дека лекот против маларија претставува најефикасна терапија против смртоносниот вирус. Дебатата за лекот против маларија е започната пред две недели, откако претседателот Трамп рече дека хидроксихлорохинот е можен „менувач на играта“ во борбата против пандемијата Ковид-19, што ги наведе критичарите да го обвинат за промовирање на недокажани и непроверени лекови. Сепак, според Светската здравствена организација нема докази дека било кој лек може да ја спречи или излечи оваа болест.