На синот за 18-от роденден, Дејвид Бекам му подари златен „Ролекс“: Прославуваа во машко друштво со пиво (ФОТО)

На синот за 18-от роденден, Дејвид Бекам му подари златен „Ролекс“: Прославуваа во машко друштво со пиво (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ова не е првпат наследникот на познатата двојка да добива скапоцени подароци...

Најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам, Круз, го прослави својот 18-ти роденден. Замина на своето прво легално пиво во паб, и во таа прилика го покажа скапоцениот подарок кој го носеше на рака.

Младиот пејач, Круз го покажа часовникот од брендот „Ролекс“, кој е изработен од чисто злато додека го пие првото легално пиво со татко му и постариот брат Ромео во еден паб во Лондон.

Препознатливиот златен ремен и синиот бројчаник на часовникот посочуваа дека станува збор за моделот „Submariner Date“, кој на официјалната страница на луксузниот бренд е достапен за 40.000 долари.

Ова не е првпат Круз да добие часовник од познатиот швајцарски бренд - тинејџерот претходно доби сребрен, исто така „Submariner“ часовник за својот 16-ти роденден.

Фотографиите од дружбата ги споделија на социјалните мрежи, а таму може да го погледнете и видеото со кое неговите родители му го честитаа роденден.

Со оглед на тоа што Круз гради музичка кариера, на што е посебно горда неговата мајка, поранешната „Спајс“ девојка, објавија исечок со него во музичко студио со емотивна порака.

„Те сакаме и горди сме на тебе“ - порача Викторија во описот на Инстаграм.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: