На социјалните мрежи се шири необичен тренд: Еве објаснување зошто луѓето јадат портокали под туш (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири необичен тренд: Еве објаснување зошто луѓето јадат портокали под туш (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Наводно станува збор за „искуство кое ќе ви донесе чиста радост“...

Можеби скролајќи на ТикТок сте налетале на луѓе кои јадат портокал под туш и ништо не ви било јасно.

Навистина, зошто некој се тушира и истовремено јаде портокал? Па очигледно има нешто во тоа, бидејќи хаштагот #showerorange на ТикТок моментално има 8 милиони прегледи, но и на „Reddit“ се разви цела дебата на оваа тема.

Една корисничка на Тикток во својата објава објанси дека „јадењето портокал е најослободувачкиот чин на консумирање храна и дека тоа ви носи чиста незауздана радост“.

@nataliepopow I’m trying this right now #fyp #showerorange Cobra Starship – You Make Me Feel - laura!

Бидејќи поголемиот дел од нас се тушираат со топла вода, наводно истата го зајакнува мирисот на цитрусното овошје, го крева расположението и го намалува стресот и тегобиите.

Друга ТикТокерка кажа дека сака портокали, но не и нивната тврда кора, лупење и валкање на рацето. Под туш едноставно го гризе портоколат, а без никаква грижа дека ќе се извалка со сокот од овошјето.

@makenzyksmith the orange in the shower phenomenon is actually so legit. #showerorange original sound - Makenzy Smith

„Не можам да ви го објаснам тоа. Едноставно мора да пробате“ - кажа Макензи Смит, гарантирајќи дека туширањето со портокал е сосема поинакво искуство.

Не знаеме, можеби би можеле да купите гел за туширање со цитрусен мирис, но тоа не би ви донело толку лајкови и коментари на ТикТок.

Во секој случај, секогаш е добро да се изеде некое овошје, па макар тоа да е портокал под туш.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: