На сонце и прошетка: Репрезентативецот Александар Трајковски со синот Матеј и ќерката Искра ужива покрај море во Сплит
Убавото и топло време, предизвик за многумина сончевите зраци да се искористат некаде на отворено и во природа.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ужива со своето семејство покрај море во Сплит.
Трајковски игра за хрватски Хајдук, па честите покрај море се сега негово секојдневие со сопругата Александра и нивните две дечиња Матеј и Искра.
„Аца ме освои пред сѐ со вниманието кое ми го подаруваше. Бевме многу млади и вљубени. Тоа беше детска љубов. Бидејќи јас сум од Србија, далечината и училишните обврски нѐ спречуваа да ја одржиме врската. Сепак, на крај ништо не нѐ раздели. Имав 22 години кога ме побара за сопруга. Бевме на вечера со негови роднини во Македонија“, раскажа Александра во ексклузивното интервју за Женски магазин.
Фото: Инстаграм