На свет дојде уште едно кралско бебе, но без кралска титула: Внуката на Елизабета, принцезата Беатрис од Јорк се породи
Кралицата Елизабета доби уште едно правнуче, откако нејзината внука принцезата Беатрис од Јорк роди ќерк - се наведува во официјалното соопштение на Бакингамската палата.
Ќерката на принцот Ендру од Јорк и Сара Фергусон, принцезата Беатрис, минатото лето тајно се омажи за италијанскиот бизнисмен Едоардо Мапели Мочи, а сега го добија и првото заедничко дете.
Според веб -страницата на британското кралско семејство, парот е пресреќен што може да ја сподели веста за безбедно раѓање на нивната ќерка на 18 септември во болницата Челзи и Вестминстер во Лондон. “Бебето е тешко 2,78 килограми. Бабите, дедовците и прабабите и прадедовците беа информирани и пресреќни од оваа вест. Семејството би сакало да им се заблагодари на болничкиот персонал за нивната прекрасна грижа - беше истакнато во официјалното соопштение.
Инаку, нивната ќерка нема да биде британска принцеза. Бидејќи сопругот на Беатрис не е Британец, неговото дете нема да ја добие титулата принцеза од кралицата Елизабета, но сепак со раѓањето стекнува друга титула: Едоардо Мапели Мочи е италијански гроф, така што неговата и ќерката на Беатрис ќе биде nobile donna односно благородничка Дона.
Како што додава кралското семејство, принцезата од Јорк и нејзината ќерка се чувствуваат одлично, а двојката со нетрпение очекува да ја запознае со нејзиниот постар брат Кристофер Вуф наскоро. Инаку, тоа е син на Едоард од неговиот прв брак, а Беатрис е првата маќеа меѓу британските принцези.
извор:GLOSSYфото:PROFIMEDIA