На три години ја изгубил мајка си, а потоа и братот: Се борам поради нив
Во шоуто „Суперталент“ во Хрватска, публиката ја освои 20 - годишниот Хрвоје Векиќ. Иако се занимава со гастрономија, ова момче попрво би танцувало.
Кога танцува вели дека е во друг и поубав свет. Научил да танцува гледајќи други танчери на Јутјуб и од 10 години започнал да развива свој сопствен стил на играње.
Овој настап го посвети на своите мајка и брат, кои за жал прерано ги има изгубено. Мајка му починала кога имал само 3 години, а брат му го изгубил на 18.
Со својата тажна судбина сака да ги поттикне луѓето никогаш да не се откажуваат од своите соништа, бидејќи секогаш имаме за што да се бориме.
Во продолжение погледнете го настапот на овој млад борец.