На тронот се враќа фризурата со најмногу негативни реакции: Познатите дами не можеа да ѝ одолеат, а одговара на секој облик на лице
Микро шишките се тренд на кој познатите дами не можеа да му одолеат...
Шишките без сомнеж ја одбележаа годината која е зад нас, а освен што на секоја фризура ќе ѝ дадат посебен изглед, тие се идеално решение и за оние кои сакаат промена, но немаат храброст премногу да ја скратат својата коса.
Освен тоа, шишките се одлично решение и за сите оние кои сакаат да ги прикријат брчиките на челото, бидејќи шишките се познати и по ефектот на подмладување.
Доколку размислувате за промена, тогаш идеална прилика е да одберете еден од најновите трендови за оваа пролет, а тоа се т.н. микро шишки.
Станува збор за кратки шишки чија должина е до средината на челото, но ако сметате дека тоа за вас е многу храбро, може да се одлучите и за нешто подолга варијатна која допира до висината на веѓите.
Икао новиот тренд микро шишки го подели мислењето на луѓето поради својот необичен изглед, познатите дами со задоволство го носат.
Меган Фокс минатата година се појави на Мет Гала со микро или „baby“ шишки и предизвика бројни реакции. Додека некои сметаат дека не се доволно женствени, сите се сложија дека е многу храбар потег.
Меган Фокс не е единствена која ги испроба необичните и помалку бунтовни микро шишки. Истото го направија и Дуа Липа, Емили Ратајковски, Ариана Гранде, Шарлиз Терон, Бела Хадид, Лејди Гага, а кога сите помислија дека овие шишки заминаа во заборавот, на трон ги врати познатата актерка Алекса Деми од хит серијата „Еуфорија“, кои неодамна ги покажа на Модната недела во Париз на ревијата на „Баленсијага“.
Колку е лесно да се прилагот на секој облик на лицето говори и тоа што може да се носат на безброј начини - рамни, разбушавени, на страна, со патец, а како им стојат на познатите дами погледнете во продолжение:
фото: Принскрин / Инстаграм