На венчавката на брат ѝ се појави практично во градник: Дали оваа комбинација е примерна за ваков настан? (ФОТО)

На венчавката на брат ѝ се појави практично во градник: Дали оваа комбинација е примерна за ваков настан? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Изгледа добро, но дали ова е примерна комбинација за венчавка? Очигледно да, доколку си Ариана Гранде.

Пејачката е секогаш посебна, а не разочара ниту со модната комбинација во која се појави на венчавката на брат ѝ минатата недела. Станува збор за дизајнерско парче, а некои се прашуваат дали истото е примерно за венчавка.

Франки, брат ѝ на Ариана и неговото момче Хејл Леон се венчаа минатата недела и секако дека на венчавката присуствуваше и неговата сестра. Таа на својот Инстаграм профил не сподели фотографии од венчавката, но затоа нејзината комбинација ја покажа некој друг. Тоа беше Вера Ванг, која стои зад модната комбинација која ја носеше пејачката.

Модната комбинација се состела од долго здолниште и топ, кој повеќе изгледа како градник, отколку како маица.

Целата комбинација ја надополнила со панделка на косата. Секако дека изгледа преубаво, но сите се прашуваат дали оваа комбинација е прикладна за венчавка. Не изгледа баш примерно, но толку добро ѝ стои и изгледа како комбинација создадена за неа, што едноставно ништо друго не е важно. На венчавката тематиката наводно била „Star Wars“, па доколку се гледа на тој начин, комбинацијата на Ариана изгледа како да ја погодила темата. И секако, младоженците изгледале апсолутно преслатко.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: