На WhatsApp е достапна нова опција: Идеална е за разговори за кои другите не смеат да знаат
Се зборуваше за оваа опција, а сега е конечно тука...
WhatsApp постојано најавува некои нови опции. Им треба одреден ппериод додека да ги усовршат пред да станат достапни за сите корисници, а една, која беше најавена уште од минатата година, сега конечно можеме да ја користиме.
Не знаеме колку оваа опција е всушност добра. Сѐ зависи од кое гледиште размислуваш за неа. Воведоа опција за криење на пораки, поточно на цели разговори. Со неа, од почетната страна на WhatsApp ќе можеш да сокриеш цел разговор и да го ставиш во посебен фолдер во кој само ти ќе имаш пристап. Звучи добро ако си личност која сака да сокрие некој разговор, а лошо е бидекќќи ова би можело да ви расипе некои односи и да ви внесе сомнежи во врската.
Опцијата се вика „Chat Lock“. Дури и ако некој друг ти го отвори WhatsApp-от, нема да може толку лесно да дојде до овие пораки, бидејќи можеш да ги заштитиш со дополнителна лозинка, отпечаток на прст или препознавање на лице. Оваа нова опција е дефинитивно интересна и малку поинаква од сите останати.
privacy feature just dropped
— WhatsApp (@WhatsApp) May 15, 2023
With Chat Lock, now you can keep your most private and personal conversations under lock and key with a password. pic.twitter.com/NsM5NOka9A
При изработката на истата, од Meta имале на ум дека некои корисници, кои го споделуваат мобилниот со други луѓе, без разлика дали тоа е нивната мајка, сестра или било кој друг, би сакале да имаат малку повеќе приватност. Тоа ти го дава новата опција. Приватност за сите разговори за кои не сакаш другите да дознаат.
Оваа опција функционира и за разговори еден на еден и за групни. Само треба да кликнеш на името на личноста или групата, да влезеш во опцијата „Прикажи го контактот“ и да ја одбереш опцијата за заклучување. Би требало да ти се појави под опцијата „Исчезнати пораки“. И така разговорот ќе исчезне од почетната страна. Кога ќе ти пристигне нова порака, само ќе добиеш известување дека имаш нова порака, но нема да пишува од кој е.
Ако сакаш да влезеш во тие скриени разговори, треба само лесно да повлечеш надоле во својот „инбокс“ и ќе ти се отвори полето за внес на лозинка или било кој друг начин на заклучување кој го имаш избрано.