Начинот на кој ја носите чантата открива скриени црти за вашиот карактер
Дали сте подготвени да го дознаете за себе она што се обидувате да го сокриете?
Како ја носите вашата омилена чанта - во рака, на подлактицата, преку рамена или на грб? Начинот за кој најчесто се одлучувате не е случаен, тврди еспертот за толкување на говорот на телото, Пати Вуд. Според нејзините зборови, стилот на носење на чантата може да открие многу работи за вашата личност.
# Преку рамена, припиена до телото
Практични сте, важно ви е да оставите добар впечаток на другите и многу често ја доведувате во прашање вашата самодоверба. Од друга страна, очекувате другите да ви докажат дека се вредни за вашата доверба. Не губите време на ситници и важни ви е да го завршите она што сте го започнале.
# Преку рамена, со опутештена рака покрај телото
Спонтани сте, безгрижни и живеете „од денес за утре“. Знаете дека уживате во моментот, пукате од самодоверба и важно е ви е само добро да се забавувате. На врвот на приоритети е слободата и секој кој се обидува да ви ја ускрати со леснотија и без размислување го елименирате од животот.
# На подлактицата, во близина на свиокот на лактот
На вас важен ви е статусот - и материјалниот и социјалниот. Перфекционисти сте, строги, имате многу барања и сакате да ја демострирате моќта и положбата на која се наоѓате. Луѓето што ве окружуваат не ги оставате во дилема за тоа што очекувате од нив. Доколку на овој начин ја носите чантата, сакате да бидете во центарот на вниманието.
# Во дланка
Ваквото држење на чантата кај жената открива дека кај неа се е на свое место. Наметливи сте, добро организирани, амбициозни и вредни. На проблемите пристапувате рационално, со ладна глава и ги решавате еден по еден.
# Пред телото во двете дланки
Срамежливи сте, имате недостаток од самодоверба и не ви годи да бидете во центарот на вниманието. Се плашите дека другите луѓе би можеле да ве повредат, па со ваквото држење на чантата се обидувате да направите физички оклоп за оние кои сакаат да ви се приближат.
# Преку рамена, со чантата пред телото
Доколку би требало да бирате помеѓу формата и суштината, секогаш се одлучите за второто. Сакате што повеќе слобода во движењето во комбинација со чувството на заштита и пристапност. Секојдневните предизвици ги решавате со леснотија, за вас не постои нерешлив проблем.
# Преку рамена, со чантата зад телото
Смирени сте, сталожени, самостојни во донесувањето одлуки и имате доверба во луѓето со кои сте окружени. Лесно се ослободувате од тежините кои ги носи животот и на него често гледате низ розеви очила. Во кругот на пријатели важите за личност која ќе даде најдобар совет.
# На грб
Самостојни сте, грижливи и секогаш подготвени за непредвидливи ситуации. Ништо не препуштате на случајноста, а луѓето ве ценат, бидејќи знаат дека може да се потпрат на вас. Се држите до дадениот збор и тоа го очекувате и од другите. Се трудите да живеете здраво. Не ве допираат озборувањата, ниту ви е важно што луѓето кои не ве познаваат мислат за вас.