„Начинот на кој работи ги воодушеви сите“:Вук Трајковиќ (24) лице со Даунов синдром се вработи во Институтот за ревматологија
Младиот Вук Трајковиќ (24), кој има Даунов синдром, добил договор за вработување на неопределено време на Институтот за ревматологија.
Договорот на Вук му го врачија министерката за здравство Даница Грујичиќ и директорот на таа здравствена установа д-р Предраг Остојиќ. Трајковиќ (24) како студент на генерацијата, пред четири години влегол на факултет со желба да стане терапевт, а по успешно завршување на првиот семестар, ја започнал својата пракса на Институтот за ревматологија.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ при доделувањето на договорот за вработување на Вук рече дека е горда што е дел од историскиот настан.
„За прв пат во здравствениот систем се вработува лице со Даунов синдром, момче кое веќе работеше на Заводот за ревматологија и денес потпишуваме договор за вработување на неопределено време. Начинот на кој работеше ги воодушеви сите, и лекарите и медицинските сестри, но најважно пациентите. Тој ги доби сите пофалби за неговата љубезност и третман“, истакна Грујичиќ.
Таа забележува дека многу родители се плашат да ги активираат своите деца, да ги пратат во одредени училишта за да можат да живеат самостојно и да им помагаат на другите.
„Еве, Вук е една таква личност и особено ме радува што денеска ќе потпише со директорот на Институтот, кој цело време имал увид во неговата работа. Навистина историски момент, само се надевам дека во наредниот период ќе има се повеќе млади како Вук“, рече Грујичиќ.
Вук Трајковиќ испрати порака до сите да веруваат во себе и им се заблагодари на сите свои колеги и студенти кои беа со него.
„Посакувам сите да бидат независни и да продолжат така, а денес знам дека секој може да го доживее тоа. Многу сум среќен, засекогаш. И другите деца сакам да добијат решение како јас“, изјави младиот Вук Трајковиќ.
Извор: N1
Фото:screenshot