Нацртајте куќа, дрво и човек: Психолозите тврдат дека овој цртеж открива многу за нас
Интересен тест за вашата личност...
На сите ни е добро познато дека психолозите имаат разни методи за да дознаат нешто и да допринесат за да ни биде подобро. Веруваат дека кога цртаме потсвесно ги проектираме нашите главни карактеристики на парче хартија. Затоа овие мали, спонтани цртежи се толку важни.
Овој тест е идеална можност да дознаете нешто повеќе за себе. По како тест „House-Tree-Person“ (HTP), техниката е дизајнирана да ги одреди главните карактеристики на личноста и често се користи за време на разговор за работа.
Потезите и линиите укажуваат на нивото на одлучност и на тоа колку ќе се чувствувате пријатно за време на процесот на носење одлуки. На пример, ако сте склони да повлекувате иста линија два пати, тоа покажува несигурност, незадоволство и перфекционизам кој не е под контрола.
Јасноста претставува хармонија и флексибилност.
Ова се деловите од цртежот и нивното значење, кое подоцна треба да го споредите со објаснувањето.
Цртежот со куќа:
Куќата ги претставува семејните односи, како го толкувате домот и семејниот живот. Таа зборува многу за тоа како се чувствувате кон семејните вредности и своето семејство.
Покрив: претставува интелектуален, фантастичен и духовен живот.
Оџак: афективен и сексуален живот. Чадот што излегува од оџакот ја симболизира внатрешната напнатост.
Ѕидови: силата и моќта на вашата личност.
Врати и прозорци: однос со светот, социјален контекст, ниво на интеграција. На пример, многу голема врата покажува дека сте многу зависни од нешто или од некого.
Тротоари: отвореност, пристап до вашиот интимен семеен живот.
Основа: стабилност и контакт со реалноста.
Цртежот со дрво:
Дрвото ги симболизира најдлабоките и најнесвесните аспекти од вашата личност, или ги претставува оние работи кои обично ги задржувате за себе.
Гранки: социјални контакти, аспирации и ниво на задоволство или фрустрација.
Обликот на дрвото: го претставува вашето чувство за себе, интегритетот на вашата личност. Ако е закривено, тоа значи дека сте флексибилни и лесно се прилагодувате.
Корени: врска со вашиот несвесен и инстинктивен внатрешен свет, тестирање на реалноста и ориентација.
Основа: контакт со реалноста и стабилноста. На пример, неговото отсуство претставува тешкотии во соочувањето со реалноста.
Цртеж од човек
Личноста што ја цртате ја претставува вашата перцепција за себе, вашето идеално јас. Тоа го покажува вашиот однос кон овој свет, како и начинот на кој вашиот социјален живот и внатрешен свет коегзистираат.
Глава: интелигенција, комуникација, имагинација, пријателство. На пример, ако вашата глава е поголема од вашето тело, тоа значи дека имате импресивни интелектуални способности.
Коса: сексуалност, мажественост и сензуалност.
Очи: социјална комуникација и вашата перцепција за светот околу вас.
Уста: сензуалност, сексуалност и вербална комуникација. Ако устата на вашата слика е само права линија, тоа значи дека сте вербално агресивни.
Раце: афективност, агресивност.
Врат: контрола на импулси.
Стапала: контакт со реалноста, поддршка, стабилност и безбедност.
Стапала: сексуалност и агресија.
фото: Shutterstock