Најбогатата мачка на светот „тежи“ 100 милиони долари: Запознајте ја инфлуенсерката Нала (ФОТО)

Најбогатата мачка на светот „тежи“ 100 милиони долари: Запознајте ја инфлуенсерката Нала (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Живееме во свет во кој е совршено нормално нечиј домашен миленик да има повеќе следбеници на Инстаграм од самиот сопственик.

Можеби досега не сте размислувале за чудесните суми на пари што ги заработуваат овие четириножни инфлуенсери.

Ви ја претставува Нала Кет, најбогатата мачка на светот.

Како што е објавено на cats.com, поточно на официјалната листа на најбогати животни на светот, Нала на банкарската сметка има 100 милиони долари.

Поголемиот дел од приходите на Нала потекнуваат од нејзиниот успешен профил на Инстаграм, на кој може да се пофали со 4,5 милиони слебеници. Освен платеното огласување на социјалните мрежи, Нала Кет е сопственик и на истоимената компанија, која преизводува храна за мачки - „Love, Nala“. 

Оваа мачка е на второто место на листата најбогати домашни миленици на светот, зад германскиот овчар Гантер VI, кој на својата банкарска сметка има повеќе од 500 милиони долари.

Меѓутоа, Нала е најбогатата мачка која „заработува“, додека банкарската сметка на Гантер VI е „наследена“.

Нала Кет ја следи Оливија Бенсон, преубавата шкотска флод мачка, на која сопственик ѝ е познатата пејачка Тејлор Свифт.

Оливија е на третото место, со 97 милиони долари, заработени со продажба на роба и појавување во музичките спотови на својата богата сопственичка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: