Најчести фрази кои сите професори ги кажуваат!
Сите имаме барем една фраза на некој професор која веќе ни е тетовирана во мозокот бидејќи тој ја кажува многу често. Не знаеме дали тие фрази им биле задолжителни кога полагале за да бидат професори, но знаеме дека дел од нив не се воопшто точни. Сигурно ви се случило да чуете барем некои од нив.
#1 - „Ова мора да го знаете“, „Ова е општа култура“, „Ова ќе ви затреба понатаму“...
НЕ! Никогаш повеќе нема да ви затреба синус и косинус во животот и не, не е општа култура.
#2 - „Не постојат глупави прашања.“
Знаеме дека не е коректно професор да му каже на ученикот дека прашањето е глупаво, ама пак, навистина сме биле сведоци на некои „апла“ глупави прашања.
#3 - „Часот заврши, дочитајте го остатокот дома.“
ЗОШТООООО? Кој ќе ја дочитува лекцијата по биологија, кога треба да ги изгледате сите нови видеа од нашите јутјубери? #ytmkd
#4 - „Јас одлучувам кога ќе заврши часот, а не ѕвончето.“
Па зошто тогаш никогаш не одлучиле часот да заврши порано? Или пак ако е така, зошто воопшто постои ѕвончето? #ПрашањаКоиНѐМачат
#5 - „Работата во групи ве учи да бидете тимски играч и да разменувате идеи.“
Точно, теортески супер звучи, но во пракса сите знаеме дека работата во групи се сведува на муабет и само 1-2 ученици ја решаваат задачата.