Најчести грешки кои ги правиме додека учиме: Поради ова ќе ти треба повеќе време да го совладаш материјалот

Најчести грешки кои ги правиме додека учиме: Поради ова ќе ти треба повеќе време да го совладаш материјалот

Објавена во: Совети // School zone

Престани да ги правиш овие работи и времето кое го трошиш на учење ќе ти се намали...

Трошењето на повеќе време, отколку што е потребно на учење е нешто што никој не го сака и што сите сакаме да го избегнеме. Некогаш ни делува дека ги правиме работите како што треба, но и понатаму учиме цел ден. Ова се грешките кои можеби ќе правиш и ти, но не си свесен/свесна за тоа.

Учењето на предмет кој ти е здодевен, а материјалот те убива, бидејќи не е лесен. Ќе ги изнајдеш сите можни начини за да го избегнеш учењето и за времето во кое треба да учиш ќе си најдеш друга занимација. Во тоа момент тоа делува одлично, но кога на крајот од денот ќе сфатиш дека се немаш поместено од првата страница, ќе ти „се стемни“. За да можеш најбрзо и најлесно да го научиш материјалот кој е потребен, треба да ги избегнеш сите можни замки и грешки кои може да се најдат пред тебе. Ова се некои од најчестите грешки кои голем дел од нас ги прават, а поради кои учењето трае многу повеќе отколку што е навистина потребно. Младата јутујуберка Магдалена, од Хеј! каналот ги собра искуствата на студентите преку Гугл анкети и грешките кои сите најмногу ги посочувале, а истите ги „спакува“ во видео. За да ги провериш дали и ти ги правиш истите грешки, изгледај го видеото во продолжение:


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: