Најчудните 7 барања на познатите личности: Бибер сака да го хранат, а Аријана сака да ја носат наоколу

Најчудните 7 барања на познатите личности: Бибер сака да го хранат, а Аријана сака да ја носат наоколу

Објавена во: Stars // Музика

Мислиш дека е „кул“ да работиш за светски познатите ѕвезди? Некои од нив имаат навистина ненормални барања...

Знаеме дека ѕвездите понекогаш знаат да претеруваат, но некои сепак ги поминаа сите граници. Познатите од своите вработени некогаш бараат пречудни работи.

Познатите личности имаат пренатрупани распореди, не можат ништо да направат во мир без илјадници очи да бидат вперени во нив и секогаш се трудат да изгледаат што е можно подобро, бидејќи никогаш не знаат каде се кријат папараците. Поради хаосот во нивниот живот, тие мора да имаат цел тим од луѓе поркај себе за да им помогнат да стигнат на време, да имаат ручек, да имаат најдобра модна комбинација или куќата да им биде чиста. За тоа имаат вработено различни луѓе, а со нив најчесто се нивни блиски лични асистенти или телохранители, кои некогаш добиваат чудни барања од нивните шефови, пишува „Ranker“.

Во продолжение погледнете ја листата на најбизарните барања досега:

# Лејди Гага

Поранешната асистентка на Лејди Гага раскажа што морала да прави кога била со пејачката на турнеја. Покрај сите нормални работи, една која ја спомена, а се издвои е барањето на Лејди Гага за нејзината асистентка да спие во нејзиниот кревет за да го згрее, за таа да си легне во топла постела.

# Џастин Бибер

Џастин изгледа нема доволно раце, бидејќи како што открија, кога стигнал на снимањето на последната епизода од SNL, со него пристигнале и два асистенти - еден од нив му носел пијалок, а другиот го хранел со пица.

# Мараја Кери

Дека Мараја е дива веќе знаат и птиците на гранките, но секој пат кога ќе покаже колку е навистина дива, сите се помалку изненадени. Нејзиниот тренер за вокалот откри дека пејачката крај себе секогаш има асистентка чија една и единствена задача е да ѝ го држи пијалокот со цевче, за да не ѝ се расипе карминот.

# Принцот Чарлс

Кралското семејство во чудните барања го предводи принцот Чарлс. Тој веќе со години има личност која го облека и пресоблекува. Иако разбираме дека е стар и дека тоа можеби му е тешко, ова е нешто што за него асистентите го прават уште многу одамна.

# Ариана Гранде

Поп принцезата Ариана Гранде има настапи и концерти на кои дава сѐ од себе. Сите секогаш се прашуваат како успева да скока и танцува на толку високи потпетици. Иако тоа ѝ оди од рака, по настапите е толку исцрпена и ја болат нозете што не може ни самата да се движи, туку има личен телохранител кој редовно ја носи во раце кога е уморна.

# Пинк

Уште една интересна позиција за вработување нуди пејачката Пинк. Таа од секој свој асистент пред настапите бара да ја штипне за брадавиците. Не знаеме од каква важност ѝ е ова, но тоа барање го има Пинк.

# СиЛо Грин

И за крај, уште еден пејач. Одењето на црвените килими може да биде навистина тешко, а тој тоа го знае најдобро. Затоа протекоа информации дека од својот асистент бара на црвените килими да му ја брише потта од веѓите, како и да му става гума за џваќање во устата.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: