Најчудните трикови за убавина на сестрите Кардашијан: Тајните на најпопуларните жени во светот може да ги испроба секој
Постојат предрасуди дека зад изгледот на најатрактивните жени во светот секојдневно стои цел тим експерти кои се грижат за нивната коса, лице и тело бидат совршени. Меѓутоа, со своите мали трикови за убавина тие ги побиваат овие теории и откриваат дека многу убаво умеат да се негуваат и сами, како и на кој начин го прават тоа за нивниот изглед да биде беспрекорен.
# Пилинг на лицето со мокра крпа
Корни Кардашијан во една прилика ја прашаа кој е најдобриот трик за нега кој ѝ го дала нејзината мајка. Одговорот кој го даде е применлив во секој дом и за него не ви требаат пари.
„Одамна ми објасни дека најдобриот пилинг на лицето се прави со триење со топла, мокра крпа, па затоа барем еднаш неделно го правам тоа. Процесот е многу лесен, а се состои од неколку етапи. Потребно е во сад да ставите топла вода, потоа во неа да ја потопите крпата, малку да ја исцедите и рамномерно да ја распоредите на лицето“ - препорача Кортни тогаш и додаде:
„По неколку минути, со неа помине преку лицето, како да го бришете. Така на својата кожа ќе ѝ дадете благ пилинг, ќе ги отстраните мртвите келии и ќе ѝ дозволите подобро апсорбирање на кремите и „антиејџинг“ кремите. Овој пилинг сепак можеби не е порепорачлив за луѓе кои имаат проблем со акни или мрсна кожа. На нив би им препорачала пилинг кој се состои од ситен шеќер, кокосово масло и мед“ - кажа Кортни.
Исто так, таа веќе 20 години спит на навлаки од свира кои се нешто најпријатно, доколку сакате негувано лице и кожа.
# Крема против хемороиди на подочњаците
Шминкерот Марио Дедивановиќ откри еден малку чиден трик кој применува на Ким Кардашијан, а кој ги неутрализира ситните брчки и подочњаци под нејзините очи. Тој на таа зона ѝ нанесува крема против хемороиди, а потоа и коректор.
„Оваа кремаја затегнува кожата. Тоа е навстина стар трик. Многу смрди, но дава резултати“ - откри Дедивановиќ, кој ја шминка Ким веќе скоро 13 години.
# Селотејп за совршено извлечен „ајлајнер“
Трикот на Кајли за беспрекорна линија „ајлајнер“ се изведува со помош на селотејп. Совршенството ќе го добиете доколку најпрво неколку пати парчето селотејп неколку пати го залепите на дланката за да се отстрани вишок лепак, а потоа го залепите на надворешниот агол на окото, следејќи ја замислената сенка, која подоцна ќе ја нанесете. Линиите можете да ги извлечете само со сенка, но и со „ајлајнер“. Почекатјте да се исуши тушот, па внимателно отстранете го селотејпот и готово - ќе добиете совршено нашминкани очи.
# Крема за гради на вратот
Клои Кардашијан кремата за затегнување на деколтето и градите ја мачка и на вратот, бидејќи таа совршено ја затегнува кожата.
„Таа крема има масло од авоакдо и ши путер и ги елиминира стриите од градите. Ми се допаѓа затоа што мене ми го стегнува враотт. Го користам веќе една година и секој ден гледам промени на подобро“ - изјави Клои.
Таа откри и како можете да ги спасите брозерот или сенката кои ви се скршиле. Сите парчиња кои се здрави здробете ги. Додајте неколку капки алкохол. Со прст или со долниот дел од лажичка промешајте за да се изедначат состојките. Оставете го отстои преку ноќ и следното утро тоа парче шминка ќе ви биде како ново, а нема да се чувствува ни алкохолот.