Најдобриот момент од Оскари: Што извади од чантичката 10 - годишната актерка?

Најдобриот момент од Оскари: Што извади од чантичката 10 - годишната актерка?

Објавена во: Stars // Филм

Во неделата вечер се одржа 92 - то доделување на Оскарите. Дознавме кој филм беше прогласен за филм на годината, потоа имаше неколку „кул“ музички перформанси - Били Ајлиш беше една од нив, а сите очи беа насочени и во црвениот килим каде што се случија неколку навистина инетересни ситуации.

Замисли да имаш 10 години, да си повикана на Оскарите - и да треба да се подготвиш и супер да си поминеш. Сето ова е одлично и забавно, но имаш неудобни искуства по прашањето храна од минатогодишното доделување на наградите. Барем вака се движеа мислите на 10 - годишната актерка, Џули Батерс. Она што таа носеше во својата чантичка на Оскарите ги изненади и насмеа сите - во чантата носеше сендвич од мисиркино месо. Џулиа глумеше во филмот на Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“, каде колеги и беа Бред Пит, Леонардо Ди Каприо и Маргот Роби. Џулиа ги освои фотографите штом се појави на црвениот килим во преслатко, но и елегантно розево издание.

Embed from Getty Images

Носеше и ноќна чанта која исто така беше во розева тематика, а кога на репортерите им ја отвори да видат што има внатре, никој не очекуваше дека таму има сендвич. За време на доделување нема храна, но пред церемонијата, ѕвездите можеле нешто да каснат, а Џулиа изјавила дека веќе и се случило на доделувањето на наградитете да биде гладна, па дека тогаш или немало храна или не и се допаѓала онаа која ја имало. Инаку, на доделувањето на Оскарите се послужуваше само вегетаријанска храна, т.е. на билна база. Младата актерка ги освои сите со овој потег и за момент стана вирален тренд.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: