Најголемата сложувалка на светот: Има 51.300 парчиња

Најголемата сложувалка на светот: Има 51.300 парчиња

Со оглед на тоа дека моментално сите сме по цели денови дома, секоја идеа за тоа како да се забавуваме е добредојдена.

Компанијата „Кодак“ одлучи да „скокне“ во помош по ова прашање и ја смисли најголемата сложувалка на светот со географски мотиви, која со гаранција нема да биде лесно да се намести.


Сложувалката ги покажува 27 - те светски чуда, а комплетот доаѓа со 51.300 парчиња.

Тежината на овој сет е околу 18,5 килограми, а на сложувалката се наоѓаат Римскиот Колосеум, Ајфеловата кула во Париз, Мачу Пикчу во Перу и индијскиот Тај Махал.


Иако изгледа како невозможна мисија, има ли некој кој би го предизвикал за да ја направи оваа најкомплицирана сложувалка на светот?


Можеби ќе ве интересира: