Најголемите стапала во Холивуд: Познати дами кои имаат проблем кога бараат чевли, а некои дури носат број 44
Многу светски познати убавици имаат големи стапала и повеќе не се срамат да ги покажат...
Иако повеќето сопственички не ги сакаат нивните големи стапала и повеќе би сакале да имаат помали за еден или два броја, ни познатите убавици не се имуни на ваквите проблеми што ни ги дава мајката природа.
Порано ретко можело да се сретне жена која носи чевли број 40. Но, со доаѓањето на новите генерации, стана сосема нормално. Познатите личности што се бројуваат на оваа листа се познати по многу нешта, вклучувајќи модни успеси, актерски талент, уникатен стил, но и по големи стапала, всушност најголемите во Холивуд.
Ел Мекферсон носи чевли со број 44. Со оглед на тоа што е висока 185 сантиметри, многумина не се изненадени од оваа информација. Свесна за ова, таа често се шегува на своја сметка.
Извор: SCREENSHOOT/INSTAGRAMДруг модел со големи стапала е Синди Крафорд. Таа носи број на чевли 43, а во една прилика зборуваше за тоа како ѝ било на почетокот на нејзината манекенска кариера.
„Кога ја започнав кариерата, овој број чевли беа наменети исклучиво за мажи, но не и за девојки како мене, така што не беше секогаш лесно да се справите со тоа“ - вели Синди.
Извор: SCREENSHOOT/INSTAGRAMОмилена Американка и една од најубавите жени во светот, Сандра Булок никогаш не зборувала за големината на нозете. Актерката, висока 167 сантиментри, наводно носи чевли со број 43.
Извор: SCREENSHOOT/INSTAGRAMКога ќе ја погледнете познатата водителка Опра Винфри, сигурно ќе забележите многу детали, како добра облека и совршена шминка. Но, дали знаевте дека позната ТВ личност носи чевли со големина 42, односно 43?
Во една прилика, таа призна дека долго време носела помали чевли.
„Носев помали чевли, беа толку мали што не можев да ја поднесам болката. Но, сега знам дека проблемот е во мојата нога. Потоа признав дека носам 42, односно 43“ - вели Опра.
Извор: SCREENSHOOT/INSTAGRAMОскаровката, Кејт Винслет, е висока 170 сантиметри, а носи чевли со број 44. „Не е фер што имам големи стапала со оваа висина.“ - еднаш призна дека големината на нејзините стапала го насмеака Леонард Ди Каприо за време на снимањето на Титаник.
„Кога го снимавме „Титаник“, Леонардо не можеше да поверува, па ги измеривме стапалата. Кога виде дека нашите стапала се со иста должина, не можеше да престане да се смее. Ми ги нарече нозете кануа“ - во тоа време откри Кејт.
Извор: SHUTTERSTOCKИ Парис Хилтон носи 44. Таа призна дека отсекогаш сакала да носи скапи чевли од познати дизајнери, но тоа изгледало многу смешно. Тоа е една од главните причини зошто се одлучила да започне свој бренд за чевли.
Извор: INSTAGRAMМег Рајан носи чевли со број 43. Сепак, таа ги сака нејзините големи стапала и верува дека тие ѝ носат среќа.
Извор: PRINTSCREEN/YOUTUBEАнџелина Џоли, верувале или не, носи чевли со број 44. Кога позираше боса за кампањата на Луј Витон во 2013 година, многумина почнаа да се шегуваат на сметка на нејзините големи стапала.
Извор: SL, TERMA / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIAОдри Хепберн беше икона за стил и малкумина знаат дека носеше број на чевли 42. Обично носеше балетанки, а кога првпат купи чевли со високи потпетици купи половина од бројот поголем од потребниот - 42,5, за стапалата да не ѝ изгледаат згрчено.
Извор: SCREENSHOOT/INSTAGRAM