Најинтригантната личност кај младите генерации: Елена Китиќ никогаш не дава изјави, за неа се знае малку, а на луксузот сите ѝ завидуваат
Прва сними спот со хоризонтален формат, донесе поинаков звук на Балканот, а за нејзините естетски корекции долго се шпекулираше...
Од моментот кога стапна на музичката сцена, кариерата на младата пејачка Елена Китиќ е обвиткана со мистерија. Не само што донесе сосема поинаков звук, како и начинот на кој ги снима спотовите, туку веројатно е единствената пејачка од помладата генерација која успеа речиси целосно да го зачува својот приватен живот од јавноста.
Иако нејзините песни имаат милионски прегледи, медиумите знаат многу малку за неа, и како што стојат работите, така и ќе остане, барем за некое време. Интересно е и тоа што различните содржини што може да сведочат за некои нејзини навики, беа избришани од Интернет.
Она што сите го знаат е дека Елена е ќерка на естрадната двојка Миле Китиќ и Марта Савиќ. Родена е на 11.08.1997 година во Германија, но живее во Србија. Иако како ќерка на познати личности беше под лупа на јавноста, Елена даде само неколку изјави за медиумите во текот на целиот живот, дури и пред да започне со својата пејачка кариера.
Нејзино момче беше Аднан Хафиз, млад фудбалер од Германија, чиј татко е Португалец, а мајка Германка. Бидејќи тие се на иста возраст, а тогаш имаа само 19 години, Миле Китиќ, нејзиниот татко, изјави дека тој не се противи на оваа врска и истакна дека е сигурен дека таа „ќе има уште многу момчиња по него“.
Елена објави неколку месеци фотографии од патувања со Аднан, но откако „пукна“ романсата, Елена на јавноста не ѝ откри ниту едно друго момче.
Младата пејачка го украси своето тело со бројни тетоважи, а зад секоја се крие длабоко значење. Од египетски хиероглифи над задникот, сè до тетоважата пеперутка во близина на увото, и во тој поглед почна да се разликува од другите уметници.
За својот 18 - ти роденден, Елена ги замоли родителите да сними два спота во Америка, а Марта еднаш за медиумите истакна дека Елена е многу скромно девојче, бидејќи во животот имала сѐ што ѝ било потребно.
Својата музичка кариера ја започна со песна на англиски јазик, наречена „Better days“, за која малкумина знаат дека постои. На видеото за споменатиот сингл, Елена беше во футуристички стајлинг, што веројатно денес не би можела да го замисли на себе.
Две години подоцна ја објавува песната „Фолира“, која ја сними заедно со Јала Бра, која досега има околу 36 милиони прегледи.
По ова, нејзината кариера се одвиваше во нагорна линија, но и интересот на медиумите за нејзиниот приватен живот почна да расте.
Имаше многу шпекулации за нејзината врска со Раста, деловни и емотивни, но раперот остро го демантираше тоа и изјави дека е во пријателски односи со младата sвезда, со која работеше на синглот „Гето принцеза“.
„Единствената причина за прекинување на нашата соработка е различното размислување во кој правец треба да оди мојата кариера“ - рече Елена, а со тоа потврди дека повеќе нема соработка со Раста.
Елена отсекогаш сакала да се разликува од другите уметници. Таа се истакна со својот стил, бојата на гласот, начинот на пеење, а потоа и по спотот. Таа прва сними видео со хоризонтален формат, кое е „phone friendly“, односно подобро се прикажува на телефоните.
Ова предизвика огромен бум на сцената, поинаквиот и уникатен визуелен идентитет стана нејзин заштитен знак.
Китиќ има голема поддршка од своите колеги, а познато е дека е во добри односи со Милан Станковиќ, Девито и Николија Јовановиќ.
На промоцијата на албумот на Николија, „Јинг и Јанг“, Елена се појави со нејзиното приватно обезбедување, што им забрани на медиумите да ѝ приоѓаат. Иако припадниците на медиумите се обидоа да земат изјава од неа, таа не дозволи.
Како причина, се наведуваат три верзии. Првата е дека таа сè уште не е сигурна во себе за време на давањето на какви било изјави или интервјуа, втората, и како што многумина тврдат - што е поверојатна, е дека таа едноставно сака да изгради таква слика и да ги интригира медиумите, а третата е дека нема да дава изјави и интервјуа сѐ додека не објави албум.
Евидентно е дека изгледот на Елена е променет од моментот кога ја започна својата кариера до денес. На почетокот, таа тврдеше дека не ги зголеми усните, односно дека „како и сите девојки, таа ја прецртува устата“ и дека со помош на апликации ги корегирала носот и сличните делови на лицето.
Елена никогаш не зборувала за пластична хирургија, иако се шпекулираше дека имала зголемување на градите со силиконски импланти, како и усните, а потоа и дека го оперирала носот и дека ги кревала очните капаци.