Најкратките врски на познатите: Сите имаме заборавено дека овие ѕвезди некогаш биле заедно, а за некои не сме ни знаеле
Толку брзо раскинале што за некои од нив се дознало дури по некое време...
И познатите личности имаат грешки во љубовниот живот. Врски во кои влегуваат, за кои набрзо се испоставува дека се толку погрешни што ставаат крај на истите по неколку недели или месеци.
Некогаш некои познати ѕвезди знаат да не изненадата, бидејќи не знаеме како успеале да се пронајдат еден со друг, зошто се едноставно неспоиви. Некои од нивните врски се покажале како лоша идеја и ги прекинале многу брзо. Поради поинаквиот начин на живот, не им е секогаш лесно да запознаат луѓе кои не се познати личности, затоа најчесто се во врска едни со други. Овие познати личности имале најкратки врски, а некои од нив многу кратко биле заедно што обожавателите за тоа дознале дури по некое време.
# Ким Кардашијан и Крис Хемфрис
Ова е еден од најкратките бракови кој се случил во светот на позантите. Се обидувале, но по само 72 дена ги потпишале документите за развод на брак.
фото: krishumphries / Инстаграм# Хенри Кавил и Кејли Куоко
Пени од „The Big Bang Theory“ и Гералт од Ривија од „The Witcher“? Овие двајца актери издржале во врска дури 10 дена. Не е ни чудно што не сме слушале многу за нивната врска кога била завршена и пред да започне. Се гледале во летото 2013 година. Папараците само еднаш и никогаш повеќе ги уловиле како се држат за раце.
# Џастин Бибер и Софија Ричи
Помеѓу состанувањето со Селена, Џастин еден месец бил во врска со Софија Ричи. Заедно биле во август 2016 година. Не ја криеле својата врска од јавноста и двајцата признале дека имаат нешто посебно, но изгледа не доволно посебно за да потрае.
фото: justinbieber i sofiarichie / Инстаграм
# Зек Ефрон и Мишел Родригез
Дури два месеци биле заедно, што за оваа листа ова е долга врска. Можеби името на Мешел не ти звучи познато, но ја знаеш од филмовите „Брзи и бесни“, каде ја глумеше Лети. Зек Ефрон е она познато момче за кое девојките лудуваа уште откако се појави во „Средношколски мјузикл“. Со Мишел врската му траела кратко, бидејќи како што откриле извори блиски до Зек, таа не сакала никаква сериозна врска, пишува „The Sun“.
# Тејлор Свифт и Том Хидлстон
Тејлор и Том биле заедно полни три месеци. Оваа пејачка еден период ја задеваа поради честото менување на момчиња, но сега тоа не се зборува повеќе, бидејќи конечно е во стабилна врска. Бидејќи по секоја разделба пишуваше песни и сигурно во нејзината дискографија може да се пронајде по една песна за секое поранешно момче, така има една и за Том - „Getaway Car“.
фото: twhiddleston / Инстаграм
# Леонардо Дикаприо и Блејк Лајвли
Ова е двојка која сигурно ќе те изненади! Да, Блејк неколку месеци се гледала со Леонардо. Во 2011 година заедно патувале низ Европа и уживале. Меѓутоа, нивната врска романса траела само неколку месеци.
# Џиџи Хадид и Џо Џонас
Најдолгата врска на оваа листа ја имаат овие две познати личност и тоа дури 6 месеци. Биле главна двојка во 2016 година, а сигурно на тоа никој повеќе не се сеќава. Немале никаква драматична разделба, само едноставно тогаш и двајцата биле со преполни распореди и никако не можеле да се усогласат. Не можеме ни да ги замислиме заедно.
фото: justinbieber i sofiarichie / Инстаграм