Најкул баба на Интернет: Има 81 година и е главна на ТикТок - нејзините совети мора да ги слушне секоја млада девојка (ВИДЕО)
Свеќичките на тортата не значат ништо кога е некој млад во душата...
Ники Хаскел е 81-годишна жена од Њујорк и најверојатно најкул баба на цел Интернет.
Редовно објавува видеа на ТикТок, каде има повеќе од 130.000 следбеници и повеќе од 2 милиони лајкови.
Нејзината биографија е богата и можеме да кажеме дека била успешна во се со што се занимавала во животот. Таа била една од првите жени брокери на Волстрит. Секако, кога дошла првпат таму, била помеѓу ретките жени, а машките колеги ја гледале како маскота, но тоа се променило кога почнала да ги заработува првите милиони.
@bignikbh alexa play “work by rihanna” #wallstreet #stockbroker #storytime original sound - Nikki Haskell
Потоа се насочила кон забавната индустрија и станала филмска продуцентка и водителка на „ток шоу“, каде ги угостила најпознатите ѕвезди од холивудската А-листа.
Во своите 80-ти години ја открила магијата на социјалните мрежи, поконкретно на ТикТок.
Нејзините видеа се полни со совети за младите генерации и можеме да кажеме дека на некој начин Ники зборува за сите оние работи што ги знае во своите 80-ти години, а кои посакува да ги знаела во своите 20-ти.
@bignikbh me when the vibes are off: #advice #wordsofwisdom #wisewords original sound - Nikki Haskell
Поради тоа, има потреба своите мудрости да ги сподели со помладата генерација, која најмногу ја користи оваа социјална мрежа.
@bignikbh listen girls, don’t chase ALWAYS attract #wordsofwisdom #motivation #inspiration original sound - Nikki Haskell
Сака да им дава совети на младите девојки, сака да ги коментира општествените настани, но на свој и комичен начин, често со по некоја пцовка или вулгарен збор, што можеби и не би очекувале од госпоѓа во нејзини години.
Но, тоа е дел од нејзиниот шарм и поради тоа корисниците на ТикТок ја сакаат.
фото: Принтскрин / ТикТок@bignikbh trust no one, gotta keep an eye out for selener #relationship #advice #wordsofwisdom #nikkihaskell original sound - Nikki Haskell