Најлошо облечени на доделувањето на Греми наградите: Топ 7 модни промашувања (ФОТО)
Вчера се одржа доделувањето на Греми наградите...
На црвениот килим на Греми имаше од сѐ по нешто, но некои комбинации останаа забележани, но не затоа што се одлични. Всушност реакцијата на нив беше апсолутно спротивна. Овие познати личности спеак малку претераа во обидот да бидат поинакви или лежерни:
# Оливија Родриго
Навистина издоминира вчера на Греми наградите и собра многу статуетки, но наградата за најдобро облечена личност ѝ се лизна од раце. За некој кој бил номиниран во многу категории и дефинитивно ѕвезда на вечерта, комбинацијата што ја носеше не воодушеви никого. За некој толку млад, фустанот кој го имаше одбрано делуваше премногу „бапски“.
# Адисон Реј
Бидејќи ТикТокерката Адисон помеѓу останатото заплови и во музичките води, се појави на синоќешното доделување на Греми наградите како гостин. Меѓутоа, како и нејзината музичка кариера, ни фустанот во кој се појави, не предизвика воодушевување.
# Џастин Бибер
Хејли беше олицетворение на елеганцијата, но Џастин баш и не. Од костумот кој му беше 10 броја поголем, преку розовата капа до оверсајз чевлите. Доколку костумот му беше барем малку помал, односно поблиску до неговата величина, сигурно би изгледал подобро.
# Дожа Кет
Дожа има свој претпознатлив стил кој никогаш не е класичен или обичен, а овој пат сепак малку претера. Секогаш се вели дека еден ден комбинацијата треба да биде посебен и кој ќе го привлече вниманието, бидејќи доколку сѐ е совршено, тогаш ќе биде премногу. А, кај неа дефинитивно сѐ беше премногу. Од фризурата преку фустанот до накитот.
# Били Ајлиш
Били секогаш е уникатно облечена, но овој пат нејзината комбинација повеќе збунува отколку што може да остави некој воодушевен. Фустан изгледа како преголема кошула која ја облекла погрешно, како да се подготвувала наутро во полусон. Иако секогаш има чудни креации, ова е едно ново ниво.
# Тајла Паркс
Наградата за најлуда комбинација ја доби оваа пејачка. Не е толку позната, но сега за неа неколку дена сигурно ќе се зборува, бидејќи на Греми се појави облечена како диносаурс.
# Кајли Реј Хол
Уште една инфлуенсерка која се појави на Греми, а која направи модна грешка. Кајли одбра прилично чуден фустан која не ѝ помогна да ги нагласи нејзините добри страни на изгледот и кој изгледаше како вистинска катастрофа.
фото: Принтскрин / Инстаграм