Најмладата ќерка на Бил Гејтс призна што најмногу ѝ пречи во животот: Луѓето ме следат поради мојот татко (ВИДЕО)
Најмладата ќерка на Бил Гејтс, Фиби Гејтс, која инаку е многу успешна ТикТокерка, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство.
Фиби вели дека ѝ пречи што луѓето создаваат теории на заговор за нејзиниот татко и што носат погрешни заклучоци, а исто така е уверена дека луѓето ја социјалните мрежи ја следат само затоа што му е ќерка на Бил Гејтс.
„Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и мојот татко. На луѓето најверојатно им е смешно да го гледаат мојот татко како си игра со Boxbollen. Но, кога еднаш ќе ме заследат, тие во принцип остануваат на мојот профил. А, мислам дека остануваат бидејќи често објавувам за жените, женското здравје и такви теми“ - кажа Фиби за „The Information“.
@phoebegates When dad gets the #boxball I Got 5 On It - Tethered Mix from US - Michael Abels & Luniz
Таа посочи и дека нејзината мајка ја „поддржува“ и дека е „љубопитна“ околу нејзиниот успех на социјални мрежи и дека „сфаќа дека тоа е место на кое денес растат младите луѓе“.
„Мојот татко често објавува на социјалните мрежи, но тој самиот и не ги следи другите луѓе“ - кажа Фиби и нагласи дека ѝ е преку глава од тоа што некои пријатели ја критикуваат бидејќи е во врска со маж со темна боја на кожата.
„Луѓе, па сега е 2023 година, а вие ме прашувате е да сум во меѓурасна врска“ - се пожали младата Гејтс.
Инаку, на ТикТок има повеќе од 64.000 следбеници, а на Инстаграм повеќе од 196.000.
фото: Принтскрин / Инстаграм