Најмладиот диџеј има само 10 години: Ја обожава гужвата на меѓународните настани

Најмладиот диџеј има само 10 години: Ја обожава гужвата на меѓународните настани

Тајлер Хенри или диџеј Тајлер од Кројдон пораснал во опкружување на музика и секогаш сакал да му помогне на својот татко, Пјер Хенри, кој е професионален диџеј.

Но, таткото не очекувал дека неговиот 10 - годишен син ќе му го преземе семејниот бизнис толку брзо.

Сѐ започнува кога малиот диџеј имал 5 години. Тогаш овој ученик му помагал на својот татко во 2017 за време на фестивалот „Sexy and Sensual Latin“, кој се одржува во Хитроу, така што од организаторите побарал свој сет.

Оттогаш тој настапува на настани, па дури од него побараа да присуствува на „Берлинскиот салса Конгрес“ во Берлин, Германија.

Тајлер вели: „Всушност татко ми е диџеј уште пред да се родам и јас секогаш му помагав да се намести и спакува“.


„Еден ден решив да седнам кај татко ми и да му помогнам, а тоа навистина ми се допадна. Луѓето обично се изненадени кога сфаќаат дека јас сум диџејот и многу често имам телефони до лицето кои ме фотографираат. Ми се допаѓа кога пуштам музика, најмногу поради насмевката која ја оставам на лицето на луѓето. Мојата омилена песна е „Bandolera“ и секогаш да вклучувам во листата што ја пуштам“. - раскажува ова момче.

Неговите родители се учители по латински танц и тие велат дека секогаш нивните две деца се дел од нивните активности, поради што веруваат дека тоа е причината за интересот на Тајлер.

„Тој секогаш имал интерес за музика - имаме слики од него кога на 18 месеци седеше во скутот на неговиот татко додека работеше и се обидуваше да ги притисне копчињата. Луѓето навистина не веруваат дека тој е диџер - кога одиме на настап со него, јас и неговиот татко сме секогаш оддалечени од него, за да може луѓето да видат дека тој го прави сето тоа сам.“ - беше искрена мајката на ова талентирано момче.

Инаку, Тајлер освен што сака да биде диџеј, тој исто така сака да оди на училиште и веќе размислувал за тоа што сака да направи кога ќе порасне.

Можеби ќе ве интересира: