Најновиот тренд за боја на коса „Cherry Cola“ : Изгледа предобро, а може да го пробате и дома (ВИДЕО)
Можеби не изгледа како типична боја на коса за пролетните денови, но во моментов е многу во тренд и не можеме да кажеме дека ни пречи. Девојките масовно се фарбаат, а кога ќе видите колку е убава, сериозно ќе посакате и вие да пробате.
Девојките на „TikTok“ имаат моментален фаворит кога станува збор за боја на коса и тоа е бојата наречена „Cherry Cola“. Ќе биде одлична опција за сите девојки кои имаат потемна коса и сакаат малку освежување, како и за оние со посветла коса кои сакаат драстична промена. Трендот започна полека, а сега сè повеќе девојки откриваат колку добро изгледа и прилега оваа боја и ја носат. „TikTok“ е полн со видеа и кога ќе видите колку добро изгледа, можеби и вие ќе навлезете во трендот.
Поради некоја причина, се чини дека оваа боја одговара на сите. Кое видео и да излезе и која девојка го проба, крајниот резултат е воодушевувачки, а бидејќи не е тешко да се добие на темна коса, многумина го прават тоа и дома.
Тоа е всушност темно кафеава коса со црвен отсјај. Постојат различни варијации на темата и секој има различна нијанса, но сите наликуваат на лименка од „Cherry Cola“ - оттука и името.