Најпознатиот црногорски ТикТокер ја откри тајната: Како до половина милион следбеници?
Додека ТикТок, како платформа многумина сè уште не успеаја да ја разберет, децата најдоа начин да го доминираат на неа и да направат од себе балкански sвезди во подем, кои лесно можат да застанат на исто ниво како инфлуенсери кои што се години на Интернет сцената.
Затоа, луѓето коментираат ТикТок популарноста е непосредна, како и дека ТикТокерите брзо ќе се заборават кога ќе се појави некоја нова социјална мрежа и дека сето ова е еден минлив тренд.
За сево ова, но и за мотивацијата која те наведува да започнеш да снимаш за ТикТок, за содржината што треба да се пласира за Noizz зборуваше 22 - годишниот Лука Бојановиќ, кој по професија е психолог, а по хоби ТикТокер. Ова момче од Подгорица на оваа социјална мрежа е познато како @bojancee, а во моментов го следат 450.3 илјади луѓе само на ТикТок. Пропратно тој откри и како успеал да го привлече вниманието и да го задржи интересот на својата публика.
„ТикТок е таква платформа што поддржува секаков вид креативност и талент, но пред сè би сакал да издвојам дека комедијата, односно хуморот, го задржува најголемото внимание на гледачите, како и фактот дека е најзастапена на нашиот пазар“ - уште на почетокот истакна ТикТокерот, а потоа додаде:
„Мислам дека клучните работи за мојот успех се работата, трудот и желбата да ја засмевам публика што ме сака и ме сака онаков каков што сум. Исто така и искреноста, јас никогаш не глумам нешто што не сум, затоа што луѓето го чувствуваат тоа и логично - не го сакаат. Исто така, би додал дека мојот акцент, т.е. мојот дијалект, играше многу важна улога во сето тоа“.
@bojancee Odakle ste? (svi sko mi Balkanci, trebamo se držati jedni drugih i voljeti se međusobno)
Wii Music - Markian
Лука зборуваше и за тоа како започнал да снима видеа.
„Верувале или не, но мојата главна мотивација беше: како најлесно да го избегнам учењето за испит. Се сеќавам дека во јануари 2020 година имав испит по психологија на личноста и кога отидов на Инстаграм да направам пауза од учењето, на почетната сраница ми излезе видео на девојка што танцува, каде што логото на ТикТок можеше да се види во долниот десен агол. Тогаш решив да видам што е тоа, најпрво мислејќи дека станува збор за некоја апликација за уредувања на видеа. Го објавив своето прво видео и решив да му се посветам малку повеќе на сето тоа. Така започна мојата приказна - сосема случајно“ - рече тој за Noizz.
ТикТокерот се осврна и на тоа каква е можноста за да се заработат пари од ТикТок:
„Наскоро ќе започне монетизацијата на ТикТок на Балканот, па спонзорите ќе бидат уште позаинтересирани за оваа апликација. Иако имам неспоредливо повеќе спонзори на Инстаграм, верувам дека ТикТок еден ден ќе стане еднаков на Инстаграм и Јутјуб. Секој ден има повеќе и повеќе големи компании, кои се заинтересирани за рекламирање на своите производи на ТикТок.“
@bojancee Ne spuštaj na prozoreeeeeee štaaaaa?????
Lorerneeee - Lazar
Ова младо момче ја откри и која е најинтересна содржина на ТикТок според него, но и која е неговата цел што сака да ја постигне со своите видеа.
„Мислам дека најинтересната содржина е комедија, т.е. хумор. Исто така, тоа е моја содржина, како и содржината на луѓето во чии видеа уживам. Мислам дека содржината секој ден сè повеќе станува она што некогаш беше „Vine“, а тоа се базира исклучиво на кратките видеа од хумористичен карактер. Постојат и многу интересни видеа и талентирани креатори од светот на танцот и образованието, како и кратките влогови“ - вели тој и додава:
„ТикТокер дефинитивно е личност која го сака она што го работи. Личност на која конечно ѝ е дадена можност да се покаже во она во што е најкреативна и најталентирна. Тука се вклучувам и себе си. Без разлика дали инфлуенсерот е поактивен на Инстаграм, Јутјуб или ТикТок, на сите нас ни е заедничко тоа што наша цел е да ја забавуваме сопствената публика, и тоа е доволна ставка што всушност нè поврзува сите. Мојата најголема цел на ТикТок е да насмеам што повеќе луѓе во текот на денот, тоа е мојот најголем успех - да направам некого среќен“ - заврши Лука.