Се скрши најпознатото јајце на Инстаграм и пренесе силна порака
Ја победи, Кајли Џенер и нејзината Инстаграм фотка на која таа ја држи новородената ќеркичка, фотографијата на World record egg преку ноќ стана вирална и успеа да собере вртоглава бројка од над 52 милиони „лајкови“
Но ова јајце не е само обично јајце тоа носи силна порака:
„Неодамна започнав да пукам. Притисокот од социјалните мрежи започна да остава последици. Ако и Вие имате слични проблеми, разговарајте со некој", започнува видеото со исповед на јајцето кое завршува со реченицата - „Можеш да се избориш со тоа“.
На крајот од видеото се појавува и линк за сајт за психичко здравје во Америка.
Никој не очекуваше дека приказната со јајцето ќе заврши вака, но со едно сите сложија дека едно обично јајце не можеше да пренесе подобра порака.
Единствено нешто што не се открива е тоа дали тоа јајцето било дел од почетокот на оваа кампања и пред да стане познато или се е организирано откако се случи неговиот неверојатен успех на Инстаграм.
Пораката што ја пренесува најпознатото јајце на Инстаграм погледнете ја тука.